вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Гореше дирекцијата на ЈП Паркови и зеленило: Ова видео е доказ дека пожарот е подметнат

Гореше дирекцијата на ЈП Паркови и зеленило: Ова видео е доказ дека пожарот е подметнат

ЈП Паркови и зеленило ја информира јавноста дека ноќва околу 1 часот по полноќ избувна пожар во дирекцијата на претпријатието, поточно во делот на архивата, магацинот и просториите на Секторот за финансии.

По брзата реакција на чуварската служба и брзата интервенција на противпожарната бригада пожарот е навремено изгаснат и не е причинета голема материјална штета, сите документи се сочувани, како и просториите на претпријатието.

Веднаш на лице место излезе увидна екипа  на МВР за утврдување на причините за пожарот. Снимките од безбедносните камери на претпријатието покажуваат дека пожарот е подметнат од  непознат сторител.

ЈП Паркови и зеленило најостро го осудува овој чин на намерно опожарување на просториите на претпријатието и активно ќе соработува со надлежните органи во собирањето на докази за расчистување на случајот, изнаоѓање на сторителите и нивно изнесување пред лицето на правдата, велат од претпријатието.

Видеото во продолжение е на порталот Инфомакс: