четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Талески: Холандија е брза, а голманите може да имаат добар, но и лош ден

Талески: Холандија е брза, а голманите може да имаат добар, но и лош ден

Филип Талески, бекот на Вардар, кој беше најефикасен играч на нашиот национален тим на првата средба.

„Нема за што да жалиме за првиот натпревар, квалитетот, сепак, е на страната на Норвешка. Ги увидовме падовите во четири минути во првиот и шест минути во вториот дел и тоа не смееме да го дозволуваме. Со неколку технички грешки, резултатот отиде нагоре, а претходно бевме во егал. Од денес мислите ни се само кон Холандија, имаме шанси, но мора да го покажеме тоа на терен. Знаеме што нè чека, доаѓа побрза игра од Норвешка, предводена е селекцијата од Лук Стајнс. Холанѓаните имаат брза транзиција. Ако го сопреме тоа, ќе имаме добри шанси за победа. Не е толку физичка силна Холандија во одбраната, може да напаѓаме квалитетно, но мора да ја сопреме нивната брза игра. Верувам дека нашиот селектор ќе има добра таткика за нив“, изјави Талески.