четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Гисласон: Србија одамна не била вака добра!

Гисласон: Србија одамна не била вака добра!

Германија сигурно ќе биде многу поголем залак за српскиот тим на Тони Џерона од Алжир. Германскиот состав го нема поранешниот квалитет и рејтинг, но ќе биде повеќе од тврд дуел. Во натпреварот со Катарците, Германците покажаа и добри страни и слабости, пред се во одбраната, која отсекогаш била нивна силна страна,

„Ја загубивме концентрацијата, не се движевме добро како во првото полувреме. Направивме неколку грешки и во нападот, беше опасно, но морам да му честитам на мојот тим за финишот“, рече селекторот Алфред Гисласон.

Исланѓанецот на клупата на Германија, Алфред Гисласон ги пофали избраниците на Тони Џерона во пресрет на вечерашниот дуел.

„Одамна не сум ја видел Србија толку добра. Таа беше подобра во двата прелиминарни пријателски натпревари против Швеѓаните. Во моментов тоа е добра комбинација на искусни и млади ракометари, со квалитетни играчи на клупата, па Џерона може да прави промени без да загуби ритам. Изгледаат компактно како тим. Ќе биде страшна борба од почеток до крај“, смета стратегот на германската репрезентација, кој ги доживеа најсветлите тренерски моменти водејќи го Кил повеќе од една деценија.

Дуелот Германија – Србија се игра денес од 20:30 часот.

извор: gol.mk