четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Бомбач: По две години видов некое срце во оваа репрезентација!

Бомбач: По две години видов некое срце во оваа репрезентација!

Со спектакуларна игра и убедлива победа од 32-23 против домаќинот Полска, словенечката репрезентација се кандидира за висок пласман на Светското првенство. Урош Зорман ги посложи „коцките“ и на величенствен начин Словенија ги израдува своите фанови во Катовице.

„По скоро две години видов некое срце во оваа екипа. Видов дека некој е спремен да „загине“ за тебе. Мораме така да продолжиме, натпревар по натпревар и да видиме до каде ќе стигнеме. Најважно е наутро кога ќе се разбудиш и погледнеш во огледало да кажеш дека си дал максимум за тимот.

Верувам дека ова е пресвртница. Видов како се борат момците, а тогаш е лесно. Тешко може некој да ја победи оваа Словенија ако се фрлаш на глава, трчаш назад во одбрана… Се гледа „потписот“ на Зорман. Кога малку повеќе сме заедно, поинаку е од пред 4-5 месеци. Кога загубивме од Србија, човекот дојде пред една недела, а за една недела ништо не се прави“, рече за „Balkan-handball“„ Деан Бомбач.

На последното Европско првенство, Словенија не ја мина групната фаза и ја победи само Македонија во Дебрецен. Сега, оваа селекција делува моќно и може далеку да стигне во Полска и Шведска.