На осумдесетгодишна возраст денеска во Тирана почина Павли Борис Никола, еден од најголемите поборници за правата на Македонците во Албанија.
Роден е во селото Врница, област Голо Брдо, каде завршил основно образование, а потоа се дообразувал и работел во главно во Тирана.
– Со неговите дела и активност помогна многу во негувањето на македонските обичаи, фолклор, традиции и нивното пренесување кај помладите генерации на Македонци во Република Албанија. Иако целиот свој живот го мина надвор од родното село, тој никогаш не го заборави, често доаѓаше да го посети, а напиша и „Монографија за Врнца“, објави електронското издание на единствениот весник на македонски јазик во Албанија „Илинден“.
По повод петгодишнната од основањето на Македонското друштво „Илинден“ на Павли Никола му е доделена благодарница „Илинден“ за придонесот во заштитата на македонскиот идентитет, култура и традции.
Сочувство до фамилијата Никола упати македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и огранокот за Голо Брдо, како и редакцијата на весникот