четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноски: Оставивме готов проект за изградба на Клинички центар, но поради несериозноста на владата на СДСМ немаме ниту Клинички центар, а ќе плаќаме и пенали спрема инвеститорите

Стојаноски: Оставивме готов проект за изградба на Клинички центар, но поради несериозноста на владата на СДСМ немаме ниту Клинички центар, а ќе плаќаме и пенали спрема инвеститорите

Ние оставивме готов проект и потпишан договор со една италијанска компанија за изградба на нов модерен Клинички центар на местото на сегашниот стар Клинички центар кој што треба да чини не повеќе од 170 до 200 милиони евра, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски во гостување во емисијата Отворено на ТВ 24.

Стојаноски потенцираше дека поради несериозноста на владата, државата ќе плаќа пенали, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ не го поддржи заемот на владата на СДСМ од половина милијарда евра бидејќи тоа е пљачка на векот.

Денеска поради тоа што несериозно се однесува кон таквите инвеститори, граѓаните и државата е приморана да плаќаат пенали, а не го подржавме проектот на владата за нов Клинички центар затоа што тоа беше пљачка на векот. Требаше да се задолжиме половина милијарда евра за да го изградиме на место каде што немаше ниту комуналии кои што претходниот градоначалник на Ѓорче Петров од СДСМ не ги донесе до таму и заради тоа што воочивме дека во Република Србија ист таков Клинички центар се направи за 150 милиони евра, изјави Стојаноски.

Стојаноски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ дала нов предлог за изградба на Клиничкиот центар, но владата на СДСМ не го прифатила.

Ние дадовме комплетно нов предлог, односно да се заврши за истите средства оној кој што е сега на постоечкиот Клинички центар. Градската болница 8-ми Септември исто така да биде поврзана со топол ходник со еден друг проект и да се направи уште една клиничка болница во внатрешноста на државата. Но, тоа оваа влада не сакаше да го прифати.

Стојаноски рече дека ист проблем со изградба на клинички центар има и во општина Штип, каде што градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ Иван Јорданов го решил проблемот со изведувачот и подизведувачот, но владата со новиот буџет не предвидела пари, па поради немање на услови за работа во текот на вчерашниот ден дури 19 медицински лица си дале оставка.

Ист таков проблем имавме и со изградбата на болницата во Штип која што требаше да биде регионална за тој регион. Таму имаше некои односи кои што градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ Иван Јорданов ги реши. Но, Европската банка ги повлече тие 14 милиони евра и сега владата дури и со решени односи помеѓу изведувачот и подизведувачот не предвидела средства во новиот буџет за да ја откочи таа работа. Така што во текот на вчерашниот ден 19 медицински лица заради немањето на услови за работа си дале отказ од штипската болница, рече Стојаноски.

Најнови вести