недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Данев: СДСМ продолжува да го крши деловникот, законите и Уставот

Данев: СДСМ продолжува да го крши деловникот, законите и Уставот

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев во гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 истакна дека единствена причина поради која нема договор за Државната изборна комисија е тоа што нема договор меѓу политичките партии.

Данев вели дека прашањето за ДИК се нашло на масата уште во март кога започнале преговорите помеѓу власта и опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ ги исполнило своите обврски кога станува збор за овој договор кога гласало за реформските закони потребни на Македонија за влез во ЕУ и НАТО.

Тој нагласи дека СДСМ е страната која упорно го крши договорот постигнат помеѓу двете најголеми партии.

Имено Данев истакна дека ваквото делување на СДСМ е без преседан и никогаш во историјата на Македонија промените во Изборниот Законик не биле предложени од Владата. Тој вели дека измените секогаш се носеле со консензус на сите политички партии во интерес на граѓаните на Република Македонија. Пратеникот потенцира дека Власта продолжува да го крши деловникот, законите и Уставот.

Во емисијата се говореше и за амнестијата на инволвираните во настаните од 27 април и обвинувањата дека изборот на  ДИК се стопира за да се користи за политички пазар за амнестија. Данев заклучи дека ова е класична манипулација на власта и дека не постои никаков пазар.

Најнови вести