недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Данев до СДСМ: Должни сте да им се извините на граѓаните зошто им ветувавте чист воздух, а тоа не го исполнивте

Данев до СДСМ: Должни сте да им се извините на граѓаните зошто им ветувавте чист воздух, а тоа не го исполнивте

На денешната собраниска седница пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев побара од пратениците на СДСМ да дадат поддршка за неговиот предлог да точката на дневен ред под реден број 54 која се однесува за информација за енормното загадување на амбиентниот воздух на Република Македонија, да се стави како втора точка и да се разгледа веднаш по точката за верификација на мандатот на новата пратеничка.

-Мислам дека проблемот е толку сериозен, толку актуелен што немате апсолутно ниту еден аргумент да оваа точка остане последна или претпоследна точка на оваа седница, туку едноставно да ја ставиме во приоритетите број 1 и на приоритетите и на оваа пленарна седница и во општествениот амбиент во кој што живееме, бидејќи загаденоста на воздухот и во Скопје и во Битола и во Тетово, еве сега најново и во Кавадарци и во останатите градови во Република Македонија, е на енормно високо ниво, рече пратеникот Данев.

Тој ги замоли пратениците од СДСМ ако се искрени во намерите, а така ветувааа пред граѓаните 2016 година, дека прво што ќе дојдат на власт ќе го исчистат воздухот во градовите во Република Македонија да го прифатат овој предлог.

Имено тој побара да се поразговара прво до кај се имплеметациите на заклучоците кои беа донесени минатата година, зошто истите не се исполнети, да се лоцира одговорноста со име и презиме кај институциите и кај луѓето кои истите ги раководат.

-Вие сте должни, еве во моментов е актуелно да одговорите на граѓаните или поточно да се извините зошто 2016 година пред парламентарните избори стававте медицински маски и ветувавте на граѓаните дека прво што ќе направите ќе се борите против аерозагадувањето, зошто тогаш штрајкувавте? Дали тогаш верувавте на оние мерни инструменти кои што се набавени по Али Експрес или сега им верувавте на истите мерни инструменти кога велите дека ти не се точни. Кога им верувавте?-праша пратеникот Данев.

Данев посочи дека и во едниот и во другиот случај се манипулира со чувствата и со интересите на граѓаните на Република Македонија.

-Но има и втора шанса, еве охрабрете се да ја ставиме оваа точка како втора точка на оваа пленарна седница, да дискутираме и да размениме аргументи во интерес на граѓаните. Ги повикувам особено членовите на Комисија за транспорт и врски, кои што ветија дека не бегаат од дебата и тоа дебата веднаш и сега, да си останете на зборот и да гласате така како што ветивте пред граѓаните на Република Македонија, додаде пратеникот.

Најнови вести