четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Рафаел Надал ќе паузира два месеци

Рафаел Надал ќе паузира два месеци

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, ја објави природата на повредата здобиена за време на мечот со американскиот тенисер Мекензи Мекдоналд во второто коло на Австралија Опен.

„Направив лекарски преглед по вчерашната повреда. Магнетната резонанца покажа истегнување на мускулот на левата нога. Ме очекува одмор и антиинфламаторна физиотерапија. Нормално време за опоравување е шест до осум недели“, напиша Надал на социјалните мрежи.

Надал загуби во 2. коло на Австралија Опен со 4:6, 4:6, 5:7, со што не успеа да ја продолжи битката за одбрана на титулата од минатата година.