четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Италијанката Гоџа најдобра во Кортина Д’Ампецо

Италијанката Гоџа најдобра во Кортина Д’Ампецо
Ski World Cup Finals 2017/2018. Italy's Sofia Goggia in superg. Are (SWE) 14/03/2018. Photo: Marco Trovati/Pentaphoto

Софија Гоџа победи во денешната трка во Кортина Д’Ампецо со време 1:33,47 минути.

За италијанската скијачка ова беше четврта победа во петте трки сезонава во најбрзата дисциплина, со речиси и да го обезбеди трофејот со оглед што има 480 бодови, што е 208 бода повеќе во однос на второпласираната Илка Стухец.

Таа воедно заврши второпласирана и на трката во Д’Ампецо со 13 стотинки полошо време од победничката. Како трета заврши Германката Кира Вајдл со 36 стотинки заостанување.

На четвртата позиција со половина секунда заостанување заврши Американката Михаела Шифрин, која е лидер во генерален пласман во Светскиот куп.