сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Јана Атанасовска оствари историски успех за македонското скијање

Јана Атанасовска оствари историски успех за македонското скијање

Македонската млада скијачка, Јана Атанасовска оствари најдобар резултат во македонското женско скијање и тоа во својата деби сезона во сениорска конкуренција.

Атанасовска на ФИС трката во слалом во Словенија, освои одлични 75,95 точки.

Македонската скијачка зад победничка заостануваше 5,66 секунди и го освои 17. место.