недела, 31. март 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Почина легендата на македонскиот бокс Живко Дуковски, освојувач на првиот медал за Македонија

Почина легендата на македонскиот бокс Живко Дуковски, освојувач на првиот медал за Македонија

Почина легендарниот Живко Дуковски, кој ќе остане запаметен како основач на „Златниот гонг“ и тренер кој создаде врвни боксерски имиња со кои освојуваа медали на Европските и Светските првенства, но и на Олимпијадите, објави Спорт 1.

Дуковски на само 19 години ги изненади сите на Државното првенство на Југославија кога стигна до финалето, каде што беше поразен од Миодраг Љубомировиќ, но ќе остане запаметен по освојувањето на првиот боксерски медал за Македонија во 1957 година.