четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Работните тела треба да расправаат за законот за технолошко индустриски развојни зони

Работните тела треба да расправаат за законот за технолошко индустриски развојни зони

Пратениците го изгласаа дневниот ред на денешната 102. седница, чија единствена точка е предлог на закон за дополнување на Законот за технолошко индустриски развојни зони, по скратена постапка, поднесен од пратениците Дарко Каевски, Диме Велковски и Љатифе Шиковска.

Бидејќи Собранието одлучи законот да се донесе по скратена постапка, спикерот Талата Џафери ги повика Комисијата за економски прашања и Законодавно-правната комисија да расправаат по предлог законот.

Работните тела треба да го информираат спикерот за датумот на одржување на седниците, а собраниската седница ќе продолжи со работа по добиениот извештај од работните тела.  (МИА)

Најнови вести