среда, 31. јануари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

ФОТО: Вечерва голем пожар во Гази Баба, Стефковски на терен

ФОТО: Вечерва голем пожар во Гази Баба, Стефковски на терен

Градоначалникот на Гази Баба вечерва на терен откако до него пристигна информацијата за голем пожар во неговата општина.

Тој по овој повод и немил настан сподели и статус на Фејсбук:

„По информацијата дека има активен пожар на територија на Гази Баба, веднаш излегов на терен.

👉Доцна вечерва домовите на семејствата Марковски од населеното место Гоце Делчев ги зафати силен пожар. За среќа членовите на семејствата брзо се евакуирале и нема повредени.

👩‍🚒Благодарение на брзата реакција на Противпожарна бригада на Град Скопје пожарот беше за кратко време ставен под контрола и се спречи истиот да се прошири во останатите домови, бидејќи се наоѓаат во густо населена средина.

📍Како градоначалник понудив помош за сместување на семејствата кои останаа без свој дом, а утре комисија од општината ќе излезе на терен со цел отпочнување на постапка за финансиска помош.

👏Им благодарам на вработените во Противпожарната бригада на Градот Скопје за брзата реакција и нивната пожртвуваност и силна борба со огнените стихии“, стои во неговиот пост на Фејсбук.