четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Едуарда Аморим во стручниот штаб на Македонија

Едуарда Аморим во стручниот штаб на Македонија

Стручниот штаб македонската женска ракометна репрезентација ќе биде значително засилен откако дел од него ќе стане и фантастичната Едуарда Аморим.

Поранешната ракометарка на Кометал ЃП, која потоа изгради блескава кариера во дресот на Ѓер, се збогуваше од ракометот на крајот од минатата сезона, а сега ќе почне да гради тренерска кариера како член на стручниот штаб на селекторот Љубомир Савевски.

Кормиларот на националниот тим ќе почне со собири со ракометарките од домашното првенство, се со цел што подобро подготвени да го дочекаме бараж-двомечот со Украина. Присутна на овие собири ќе биде и Аморим, чие искуство дефинитивно ќе биде драгоцено за нашите ракометарки.