четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Корда предаде заради повреда, Хачанов прв полуфиналист во Мелбурн

Корда предаде заради повреда, Хачанов прв полуфиналист во Мелбурн

Русинот Карен Хачанов се пласира во полуфиналето на Австралија опен, откако Американецот Себастијан Корда поради повреда го предаде својот четвртфинален меч. Хачанов водеше со 7-6/5, 6-3, 3-0, кога Корда мораше да го предаде мечот поради повреда на зглобот на десната рака.

Во моментов дваесетиот тенисер во светот се пласира во своето второ полуфинале на Грен слем турнирите, каде ќе игра против победникот од мечот Стефанос Циципас – Јиржи Лехечка. Тешкиот прв сет Хачанов го доби во тај-брејк со 7-5, откако ја пропушти можноста порано да го реши тој дел од играта, бидејќи сервираше за сетот со водство од 5-4.

На почетокот на вториот сет не искористи три брејк можности, но потоа двапати му го одзеде сервисот на ривалот за водство од 2-0 во сетовите. Карен ја продолжи серијата на почетокот на третиот сет, пред Корда да биде принуден да се повлече.