сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стефковски од денес со нова алатка за комуникација со граѓаните

Стефковски од денес со нова алатка за комуникација со граѓаните

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во објава на својата официјална страна на фејсбук информираше дека од денес ќе започне да функционира нова алатка за комуникација со граѓаните.

Во својата објава, Стефковски напиша:

Објавувам нова алатка за комуникација со граѓаните: “Прашај го градоначалникот”
Почнувајќи од денес, 24.01.2023 година (вторник), па секој нареден вторник во период од 18:00 до 20:00 часот, секој граѓанин ќе има можност да постави прашање до мене на кое во истиот временски период ќе добие одговор.
Денес во 18:00 часот ќе го објавам линкот под кој секој граѓанин ќе има можност да го постави своето прашање.
Целта на оваа нова алатка е да го слушнам секое прашање, проблем или мислење од граѓаните, бидејќи се што доаѓа од народот, заслужува внимание.
Мојата водилка при кандидирањето за градоначалник на општина Гази Баба беше можноста да помагам на граѓаните и да се обидам да решам што повеќе проблеми.
Општината, градоначалникот и администрацијата се сервис на граѓаните и постојат за граѓаните.
Заедно со Вас, мои сограѓани ја градиме Гази Баба во модерна, урбанистички развиена и еколошка општина! – напиша Стефковски.