сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Бесими: Собрани околу 1,5 милиони евра од фирмите што работеа во недела

Бесими: Собрани околу 1,5 милиони евра од фирмите што работеа во недела

Министерот за финансии Фатмир Бесими информира дека се собрани околу 1,5 милиони евра (94 милиони денари) од надоместокот од фирмите кои работеа во недела. Тие средства ќе се трошат за Фонд за развој и за човечки капитал, но тоа не значи и раст на платите. Според Бесими, ставката за плати е јасна. Дефинирана е во Буџетот и не може други средства да одат за таа намена.

-Собраните средства ќе одат во програмите за соодветната намена, за човечки капитал, како што е предвидено во Законот. Тие средства не може да одат за плати, плати се дефинирани во Буџетот, по кој износ се вкупно предвидени за 2023 година. Не може дополнителни средства да одат за плати, подвлече Бесими.

Според првичната верзија на Законот за трговија, фирмите кои работат во недела треба да издвојат 2 отсто и со тие пари првично требаше да се градат детски градинки. Минатото лето, беа усвоени измени на овој закон, според кои овие средства наместо во Министерството за труд и социјала, ќе се уплаќаат во Фондот за развој и човечки капитал во Министерството за финансии. Законскиот надоместок од 2 отсто од вкупниот приход остварен во претходната година во недела и на празници, се уплаќа секоја година до 15 јануари во тековната година на сметка на Буџетот.