На територијата на СВР Битола денеска во периодот од 09:00 до 14:00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 68 возачи.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, од вкупниуот број на изречени санкции, 53 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 15 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Од МВР најавуваат дела засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.