четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ентони Џошуа се враќа во рингот

Ентони Џошуа се враќа во рингот

Британскиот боксер Ентони Џошуа, поранешен светски шампион во тешка категорија, ќе се врати во професионалниот ринг следната пролет. Противник на 33-годишникот ќе биде Американецот Џермејн Френклин.

Настанот на кој поранешниот олимписки шампион ќе им се врати на натпреварите ќе биде организиран на први април во лондонската „О2 арена“.

Во претходните два меча Џошуа беше поразен од Украинецот Александар Усик, а промотерите се обидоа да му најдат ривал против кој ќе биде голем фаворит, за да се врати на победничките патеки и да си ја врати разнишаната самодоверба.

Противник ќе му биде Американецот Џермејн Френклин (22-1), кој на претходниот меч ја „игра истата улога“ против уште една британска ѕвезда – Дилијан Вајт.

Во последните пет меча Џошуа беше трипати поразен, а досега во професионалната кариера има биланс од 24 победи (22 КО) и 3 порази.