Еден маж вооружен со нож во германскиот град Либек нападнал луѓе во автобус, јавува „Билд“.
Дека дошло до напад потврдила и полицијата, која кратко јавува дека голем број на полицајци се на терен и дека повеќе информации ќе има наскоро.
Билд јавува дека нема мртви, но дека 14 лица се повредени во нападот. Додаваат дека две лица се тешко повредени во нападот.
Билд се повикува и на изјава на лица од полицијата кои кажале дека засега нема мртви.