среда, 28. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Ковачки: Ахмети се плаши од Мицкоски, затоа се сите изблици на национализам, знае дека Христијан ќе ја поведе Македонија во нова иднина, во која нема да има место за него

Ковачки: Ахмети се плаши од Мицкоски, затоа се сите изблици на национализам, знае дека Христијан ќе ја поведе Македонија во нова иднина, во која нема да има место за него

Ахмети повторно во негов стил. Овојпат од Тетово, продолжува со иредентистичка реторика за војната во 2001 и продолжува со зајадливи пораки кон Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека војна гледал само на ТВ. Сега после повеќе од 20 години од конфликтот, откако сите јавно на видео снимки го видеа богатството и раскошот во кој ужива таканеречениот Командант, на сите им е јасно дека Ахмети ги злоупотребил жртвите од конфликтот за свое лично богатење, вели Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

-20 години ја пљачкаат Македонија, 20 години газат Устав, газат закони, 20 години никој за ништо не одговорал и сега откако на цела меѓународна заедница веќе и’ е јасно дека Македонија нема напредок со ликови како Ахмети кои ги прегазило времето, повторно се навраќа на теми кои не носат просперитет туку ја поларизираат јавноста.

Очигледно е дека времето си го направило своето, па Ахмети како да заборавил дека Ковачевски е дезертерот што вадел лекарски потврди дека е неспособен да си ја брани државата.
Значи, Ковачевски е човекот што ја гледал војната на ТВ и веројатно навивал за УЧК да победи за да што побрзо се заврши (направете паралела, ќе видите дека и денеска исто постапува, но тоа е друга тема).
Оттука, лекциите за 2001 година Ахмети може да ги раскажува на дезертерите како Ковачевски. Таквите може и да му поверуваат, но не може да ни ги продава нам кои бевме учесници од 2001.
Очигледно е дека стравот од Христијан Мицкоски веќе се чувствува, па Ахмети мора да има изблици на национализам.

Некој мора да го запре тонењето и понижувањето на Македонија и некој мора да покрене циклус на инвестиции со кој ќе се подобри животот на сите граѓани без разлика на етничка, верска или било каква припадност.
Е затоа се плаши и напаѓа Ахмети, затоа што знае дека Христијан е човекот што ќе ја поведе во нова иднина и ќе ја извади Македонија од калта, а за него место во таа иднина ќе нема, пишува Ковачки на Фејсбук.

Најнови вести