Калин Ивановски денеска играше во првото финале во 2023-та година, но за жал не успеа да стигне до прва титула во новата година и да ја продолжи добрата серија.
Најдобриот македонски тенисер одлично го отвори денешниот меч против домашниот тенисер, но потоа дозволи комплетен пресврт и загуби во решавачкиот тајбрејк.
Калин го доби првиот сет со 6:3 и поведе со 1:0 во сетови, но во наредниот Моез Ечаргуи возврати со иста мера (6:3) и така го однесе финалето во одлучувачки сет.
Како по обичај во секој тениски меч, нервите проработеа во финалниот сет и двајцата тенисери го даваа својот максимум, но во тајбрејкот подобар беше Ечаргуи со 7:5 и на освои титулата во Монастир.
Ивановски дефинитивно ќе има за што да жали од епилогот во овој меч, кој на крајот му припадна на третиот носител од Тунис.