четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шестмина загинати во сообраќајна несреќа во САД близу границата со Канада

Шестмина загинати во сообраќајна несреќа во САД близу границата со Канада

Шест лица загинаа синоќа во судир на две возила на автопат во северниот дел на државата Њујорк, близу границата со Канада, пренесуваат дел од американските медиуми.

Се работи за компаниски минибус што превезувал 15 вработени од компанија за соларна енергија и камион на рентање од компанијата „Пенске“. Двајца од лицата кои патувале во автобусот се сериозно повредени.

Судирот се случил во услови на лизгав пат – од синоќа во блискиот град Лиусвил снежните врнежи достигналe покривка од15 сантиметри. Од фотографиите се гледа дека возилата се судриле директно, на автопат со снежни наноси од двете страни. Автопатот бил затворен за сообраќај 12 часа.

Причината за сообраќајката сеуште не е утврдена, идентитетите на жртвите не се објавени, државната полиција на Њујорк соопшти дека случајот се истражува.