четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Добри вести за Ноле од САД: Ќе игра и на другиот забранет Грен слем

Добри вести за Ноле од САД: Ќе игра и на другиот забранет Грен слем

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ сигурно ќе може да се натпреварува на последниот Грен слем сезонава, УС опен, по најновите вести кои доаѓаат од Соединетите Американски Држави.

Имено, администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден соопшти дека од 11 мај ќе биде укината вонредната состојба воведена поради пандемијата на коронавирус.

Токму поради вонредната состојба, ниту еден невакциниран не можеше да стапне на американско тло, вклучувајќи го и Ѓоковиќ на минатогодишниот УС опен.

Се претпоставува дека со укинувањето на вонредната состојба ќе престанат да важат сите аранжмани и обврски за вакцинација за патниците во Америка.

Тоа значи спуштање на рампата и за Ѓоковиќ, кој доколку сѐ оди според планот и нема промени, сигурно ќе игра на УС опен.

Сепак, тој ќе мора да ги пропушти Мастерс турнирите претходно оваа пролет, поточно Индијан Велс и Мајами. Затоа, пак, ќе може да настапи во Синсинати.

Да потсетиме, Ѓоковиќ со победата на Австралија опен се врати на првото место на АТП листата.