понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Апелирам Тупанчевски наместо да дава недвосмислена поддршка на Ахмети и Груби, да се потруди и да воспостави европски вредности, да не се споредуваме и да сме задоволни во друштво со Суринам, Тунис и Индија

Мицкоски: Апелирам Тупанчевски наместо да дава недвосмислена поддршка на Ахмети и Груби, да се потруди и да воспостави европски вредности, да не се споредуваме и да сме задоволни во друштво со Суринам, Тунис и Индија

Ако министерот за правда и мој колега од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, редовен професор е мотивирачки да сме во друштвото на Суринам, Тунис и Индија наместо во Европската Унија, за мене тоа е девастирачки и понижувачки. Се надевам дека нашите студенти не ги воспитуваме и учиме на вредностите на Тунис, Суринам и Индија со сета почит кон тие држави, туку на вредностите кои што ги споделува Европската Унија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање за Извештајот на „Транспаренси Интернешнл“.

Мицкоски додаде дека уште еднаш власта покажува политичка незрелост.

-Уште еднашка покажува политичка незрелост оваа Влада, и со тие позиции кои што ги рефлектира дополнително го обесхрабрува македонскиот народ. Ние сме држава со висока корупција, висок криминал за жал, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој нагласи единствена светла точка во државата се општините каде што градоначалници се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Не сакам да бидам обвинет дека ете за тоа ги форсирам општините каде што имаме градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, но помина доволно време за да можат граѓаните да оценат како работат кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, а како работи централната власт која што е практично раководена од Владата на ДУИ, а поддржана од СДСМ, истакна Мицкоски.

-Така што јас би апелирал до мојот колега наместо да дава недвосмислена поддршка на Али Ахмети и Артан Груби, да се посвети малку и да ги воспитува студентите на европските вредности наместо да се споредуваме и да сме задоволни и да сме охрабрени со тоа што се наоѓаме во друштво на Суринам, Тунис и Индија, укажа Мицкоски.

Најнови вести