сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Се гради ново детско игралиште во Кавадарци

Се гради ново детско игралиште во Кавадарци

Се гради ново детско игралиште во Кавадарци, информираа денеска од Службата за односи со јавноста при кавадаречката локална самоуправа.

– Во тек на изградба е детското игралиште во месноста Опитно Поле, веднаш до памтрак патеката. На игралиштето беше поставена гумена подлога, по што следува поставување на реквизити, нова урбана опрема, заштитни огради и озеленување, соопштија од прес службата при Општината.

Оттаму исто така се осврнаа и на поплочувањето на тротоари со дрворед на улицата ,,Мито Хаџивасилев Јасмин”, откако претходно беше реконструирана водоводната мрежа, атмосферската и фекалната канализација. Изведувач на работите на оваа улица е ,,Жикол”.