сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Валтер: Исклучувањата не уништија, честитки за Нексе

Валтер: Исклучувањата не уништија, честитки за Нексе

Еурофарм Пелистер го претрпе и вториот пораз на стартот од новата сезона во СЕХА-лигата, губејќи на гостински терен против Нексе со резултат 29-25.

Тренерот на „зелено-белите“, Ларс Валтер по мечот вели дека исклучувањата биле клучни за поразот на неговиот тим.

„Најпрво, сакам да му честитам на домашниот тим за победата и добриот меч. Видливо е дека ние имаме проблеми со повреди. Клучниот момент беше кога добивме две исклучувања. А едноставно не можеш да преживееш така против одличен тим како Нексе. Среќен сум што се враќавме во мечот во два наврати. Имаме долго патување пред нас, а потоа следат два дена одмор кои ќе ги искористиме за анализа пред мечот во Данска“, изјави Валтер.