среда, 20. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Тими Зајц со 161 метар ја прелета скокалницата во Вилинген

Тими Зајц со 161 метар ја прелета скокалницата во Вилинген

Тими Зајц, носен од силен ветер, на натпреварувањето во мешани тимови во Вилинген, Германија, прескокна 161,5 метри.

Зајц не успеа да остане на нозе по неверојатниот скок, поради што не се вбројува како нов рекорд. Падна, се лизна и потоа се фати за коленото.

За среќа, информациите велат дека 22-годишниот ски скокач од Словенија нема сериозна повреда, што го потврди и неговиот селектор Роберт Хргота.

Рекордот од 2021 година го држи Полјакот Клеменс Муранка, кој прескокна 153 метри. Првата рунда скокови се одржа во лоши временски услови, со многу ветер, поради што организаторите одлучија да нема втора серија. Во такви услови Зајц мораше трипати да се помести од стартот бидејќи трипати пистата се поместуваше.

Инаку, скокалницата во Вилинген е долга 130 метри. Норвешка на крајот го освои првото место со 415 бодови. Австрија беше втора со 415 поени, Германија трета со 409,8 поени, Јапонија четврта со 375,8, а Словенија петта со 367,4 поени.