четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Калин Ивановски елиминиран во полуфиналето на турнирот во Тунис

Калин Ивановски елиминиран во полуфиналето на турнирот во Тунис

Калин Ивановски пред шест дена играше финале во Тунис и не успеа да дојде до првата титула во 2023-та година, но денеска не успеа да се избори за второ финале втора седмица по ред.

Најдобриот македонски тенисер денеска играше во полуфиналето на ИТФ фјучерсот во Монастир, но иако влезе во дуелот како голем фаворит, не ја оправда таа улога.

Ивановски како прв носител загуби од Италијанецот Федерико Јанаконе, губејќи во максимални два сета со резултат 2:6 и 4:6 после нешто повеќе од еден час игра.

Како седми носител на овој турнир, Јанаконе приреди изненадување на денот и се пласираше во финалето, а таму противник ќе му биде Гркот Сакеларидис.