понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Балиќ: Ракометот не беше мојот прв избор

Балиќ: Ракометот не беше мојот прв избор

Ракометната легенда Ивано Балиќ проговори за ракометот и важните моменти во кариерата.

Балиќ е олимписки и светски шампион, освојувач на осум медали со Hrvatska, носител на тринаесет трофеи, играч на годината во изборот на ИХФ, четирикратен најкорисен играч (МВП) на големите ракометни натпреварувања, трипати во најдобриот тим на Европското првенство, Олимписките игри и шпанската АСОБАЛ лига.

Неодамна за „Еurohandball“  тој се осврна на својата кариера, под насловот на текстот – „Ова сум јас, Ивано Балиќ“.

„Моите родители Жарко и Стјепанка беа ракометарки. Веќе може да се каже дека мојот пат не може да води никаде на друго место освен кон спортот. Двајцата играа во Italija, па детството го поминав таму, покрај ракометното игралиште. Тоа беше нормална работа за мене, да се обидов во спортот. Сепак, на изненадување на сите, ракометот не беше мојот прв избор. Кога се вративме во Сплит, мојот роден град, како и секое дете, прво се обидов да играм фудбал во Хајдук. Потоа пробав ватерполо, а на тринаесет години се зачленив во локален кошаркарски клуб.

Зошто кошарка? Мислам дека ја добив мојата мотивација откако играв со други деца на теренот на отворено во училиште. Сфатив дека не сум толку добар и сакав да се подобрам. Исто така, и Југопластика одигра голема улога. Тимот со Дино Раѓа и Тони Кукоч беше една од најголемите инспирации за сите, особено за децата во Сплит. Југопластика беше „дрим-тим“, освои три последователни европски титули. Со текот на времето, тоа стана моја љубов и со задоволство одев на тренинг. Кошарката сè уште ми е еден од омилените спортови, но со текот на времето таа љубов полека почна да избледува. Неколку години подоцна, на шеснаесет години, заедно со кошарката почнав да играм ракомет. Тогаш, набрзо сфатив дека ракометот најмногу ми одговара. Тоа беше заборавена љубов која веќе беше всадена од моите родители и моето детство во близина на теренот“, меѓу другото рече Балиќ.