четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Грција испраќа втор спасувачки тим во Турција

Грција испраќа втор спасувачки тим во Турција

Грција денеска испраќа втор спасувачки тим во Турција за дополнително да помогне во спасувачката акција по силниот земјотрес од понеделникот, објавија грчките медиуми.

Според истите информации, од Солун заминува тим од 15 пожарникари од специјалната спасувачка единица со едно куче спасувач и две возила, заедно со инженер од противпожарната служба и три лекари и спасувачи од Брзата помош.

Во понеделникот попладнето, само неколку часа по земјотресот, од Атина замина првиот тим со 21 пожарникар од специјалната спасувачка единица со две кучиња спасувачи и едно специјално возило, инженер од противпожарната служба, пет лекари и спасувачи од Брза помош и претседателот на Организација за планирање и заштита од земјотреси.