Францускиот ракометен репрезентативец Недим Ремили е нов ракометар на унгарски Веспрем, со кој потпиша договор до 2026 година.
Ремили од почетокот на оваа сезона беше член на полскиот Келце, но овој клуб има големи финансиски проблеми.
Веспрем најпрво се обиде да го донесе Бранко Вујовиќ од Хановер, но Германците бараа висока оштета, а кога на трансфер пазарот се појави Ремили, унгарскиот тим се откажа од ангажман на Вујовиќ.