Рускиот вицепремиер Александар Новак денеска на прес-конференција изјави дека постои ризик од намалување на производството на нафта во Русија поради ценовните ограничувања на руските суровини што ги воведоа ЕУ и земјите од Г7.
Одговарајќи на новинарско прашање дали сега има предуслови за намалување на производството на нафта, вицепремиерот рече:
„Да, постојат такви ризици. Ќе ги оцениме во блиска иднина“.
Новак претходно во февруари изјави дека производството во Русија во јануари останало на ниво од декември, околу 9,8-9,9 милиони барели дневно, а на почетокот на февруари било на исто ниво.