вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

РК Алкалоид ги претстави четирите зимски засилувања

РК Алкалоид ги претстави четирите зимски засилувања

Дебитантот во ракометната супер лига Алкалоид и официјално го претстави засилувањата на тимот кои што пристигнаа за време на зимската пауза.

Амбициозниот тим, предводен од Кирил Лазаров, во вториот дел од сезоната ќе биде посилен за четворица ракометари, од кои тројца се репрезентативци на Македонија. Во Алкалоид ќе настаопуваат Ива Џонов, Давид Савревски, Костадин Петров и Дамјан Митев.

„РК Алкалоид го комплетираше својот играчки кадар за претстојниот дел од сезоната со четворица нови ракометари. Наши нови играчи се левиот бек Иван Џонов, десниот бек Давид Савревски, кружниот напаѓач Костадин Петров и младиот среден бек Дамјан Митев. Со овие четворица играчи нашиот стручен штаб ќе добие повеќе опции за игра и тимот ќе стане поконкурентен во плејоф-натпреварувањето од Суперлигата, во кое ќе играат осумте најдобри екипи во Македонија“, велат од редовите на Алкалоид.