Продолжува одличниот старт на 2023 година за најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски.Најдобриот македонски тенисер се пласира во четвртфиналето на ИТФ фјучрсот во тунискиот град Монастир. Ивановски го совлада Италијанецот Андреа Пичоне со 2-1 во сетови (4-6, 7-6, 7-5).
Поради врнежите од дожд мечот се одигра утрово, а по лошиот старт, нашиот Калин покажа конзистентност во клучните моменти на вториот и третиот сет и дојде до значајна победа.
Италијанецот Федерико Јанаконе, инаку седми носител на турнирот ќе биде противник на Ивановски во четвртфиналето.
По најновото АТП рангирање, Ивановски се наоѓа на 504. место на АТП листата.