петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Калин Ивановски се пласираше во полуфиналето на турнирот во Монастир

Калин Ивановски се пласираше во полуфиналето на турнирот во Монастир

Најдобриот македонски тенисер го одигра и четвртфиналниот меч на турнирот во Монастир, Тунис, со 2-1 во сетови го совалда Ианаконе и се пласираше меѓу четирите најдобри.

Поради врнежи на дожд, турнирот беше во прекин неколку дена, па на програмата беа и осминафиналните и четвртфиналните средби.

Ивановски откако го победи Пиконе со 2-1, во четвртфиналето со ист резултат го совлда и неговиот сонародник, Ианаконе.

Македонецот го доби првиот сет со 7-5, вториот му припадна на италијанскиот тенисер со 6-2, а Калин во третиот решавачки сет буквално го збриша Италијанецот со 6-1.

Во полуфиналето ќе има уште еден италијански противник, Андалоро кој со 2-1 беше подобар од Му.