среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Осуммина повредени во Њујорк откако маж со пикап влетал во пешаци на неколку места во градот

Осуммина повредени во Њујорк откако маж со пикап влетал во пешаци на неколку места во градот

Осум лица се повредени во Њујорк кога маж, кој возел пик-ап, неколку пати удрил во пешаци на различни места во метрополата, соопшти локалната полиција. Засега органите на редот ја исклучуваат можноста за терористички мотиви за нападот.

Инцидентите се случиле во Бруклин. Возачот на изнајмененото возило одбил да застане откако удрил неколку лица. Следела бркотница со полицијата, при што возачот удрил во уште неколку пешаци. Конечно тој бил приведен. Двајца од повредените се во критична состојба. Меѓу повредените има и полицаец.

Инцидентот се случи во моментот кога во Њујорк почна процесот против Узбекистанец кој на 31 октомври 2017 година намерно удри со својот пикап во пешаци, при што уби осум лица. Тој може да добие смртна казна. Истрагата потврдила дека тој дејствувал во име на терористичката Исламска држава.