Дваесет и пет години трае кариерата на Лук Абало во историјата на овој спорт, а медалите и трофеите од големите натпреварувања доволно зборуваат за тоа каков ракометзр е.
Фасцинантно е што 38-годишниот Абало е сопственик на три златни медали од сите големи натпреварувања на Олимписките игри, Светските и Европските првенства.
Беше незаменлив дел од познатите француски „експерти“ кои владееја со ракометот од 2008 до 2017 година.
Абало одигра 289 натпревари за „галските петли“ и постигна дури 859 голови. Репрезентативната кариера ја заврши во 2021 година, а клупската на 25 февруари кога ќе го одигра последниот меч