понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Борел најави санкции против руските медиумски организации

Борел најави санкции против руските медиумски организации

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел денеска најави дека ќе достави до земјите-членки на Унијата список со предлози за санкционирање на речиси 100 дополнителни лица и субјекти од Русија „поради нивната улога во поткопувањето на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, како и против одговорни за воени активности, политички одлуки, пропаганда и дезинформации.

Тој предложи да се воведат санкции за медиумски организации, поединци и организации што „го контаминираат јавниот простор со дезинформации и злонамерни наративи“, придонесувајќи за воена и информативна војна.

Исто така, Борел предложи проширување на санкциите за таканаречените судии во четирите незаконски анектирани украински региони – Луганск, Доњецк, Керсон и Запорожје, бидејќи, како што рече, тие им даваат „лажен легитимитет на руските владетели и нивните незаконски одлуки“. (МИА)