сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димитриеска-Кочоска: ОВА е најголем доказ дека и во владата има голем раскол и дека нема капетан на бродот

Димитриеска-Кочоска: ОВА е најголем доказ дека и во владата има голем раскол и дека нема капетан на бродот

Откажана е еврообврзницата од 600 милиони евра, а причина за ова е смената на Министерот за правда кој што не сакал да потпише и без негов потпис понатаму не може да се движи постапката, открива Гордана Димитриеска-Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е најголем доказ дека и во владата има голем раскол и дека нема капетан на бродот.

Како можевте да дозволите ваков срам на државата и да ја оставите без пари?

Кој ќе сноси одговорност за ваков непромислен потег?

Дали намерно ја втурнувате државата во банкрот?

Докторите немаат земено плата а изговор ви е дека ги чекате парите од еврообврзницата. Повеќе од јасно е дека тие пари нема да ги добиеме.

Оставка на цела влада веднаш“ – порача таа.

Најнови вести