сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Заврши сезоната за Никола Карабатиќ

Заврши сезоната за Никола Карабатиќ

Екипата на ПСЖ во текот на денешниот ден доби лоша вест. Еден од најдобрите ракометари на светот Никола Карабатиќ нема да му биде на располагање на тимот за остатокот од натпреварувачката сезона 2022/23.

Како што соопштуваат француските медиуми Карабатиќ има венска тромбоза на десната нога и ќе мора да отсуствува од терените подолг временски период.

Според лекарскиот тим на ПСЖ, Карабатиќ ќе паузира најмалку три месеци.