Македонската ракометарка Ана Марија Божиновска се реши за нов предизвик во кариерата и се сели во Израел.
Божиновска во последните моменти од ракометниот трансфер период потпиша за израелскиот тим Макаби Ришон Ле Зион каде што веќе настапува македонската голманка Драгана Петковска.
Така Македонката ќе ја има својата втора интернационална авантура, откако претходно настапуваше за Есентепе на Кипар. Претходно, во Македонија ги носеше дресовите на ЖРК Чаир и ЖРК Вардар.