петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Савевски без две важни ракометарки за ЕХФ неделата во март

Савевски без две важни ракометарки за ЕХФ неделата во март

Селекторот на женската ракометна репрезентација, Љубомир Савевски нема да смета на две репрезентативки од првиот состав за престојната ЕХФ недела.

Имено, поради повреди на престојниот собир во март, во составот на Македонија која има закажано и две  контроли со Турција нема да бидат Симона Маџовска и Моника Јаневска.

Маџовска, која игра во Германија е повредена и засега не се знае колку долго ќе биде надвор од терените. Моника Јаневска, пак, во тој период ќе има клупски обврски и не ќе може да им се приклучи на репрезентативките.

Македонија во април ја очекува двомеч со Украина за пласман на Светското првенство во Данска, Шведска и Норвешка кое ќе се одржи во декември.