Сенатот на американскиот Конгрес вчера го одобри Роберт Вилки од Пентагон за министер за прашања за ветераните.
Вилки ја доби довербата од републиканците и од демократите и беше одобрен со 86 гласа „за“ наспроти девет гласа „против“.
Вилки вети дека ќе се справи со недостигот на самокритичност „кој владее во Министерството“ и увери дека ќе обезбеди подобра медицинска грижа за ветераните.