На 19.02.2023 во 14.30 часот во Полициското одделение Сарај било пријавено дека во с.Љубин, скопско, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.З.(29) и Џ.А.(41), двајцата од истото село, затоа што А.З. фрлил пиротехнички средства во дворот на Џ.А..
Подоцна, околу 22.30 часот, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на А.З., при што биле пронајдени и одземени повеќе парчиња муниција различен калибар и еден пар лисици.
Со него бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.