среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Девицата е полна со идеи, Овенот во дисбаланс

Девицата е полна со идеи, Овенот во дисбаланс

ОВЕН

Соочени сте со дисбаланс меѓу она што рационално го знаете и она кое интиутивно го чувствувате. Се двоумите, премногу е брзо да донесете важна одлука само на основ на чувствата, без начин тоа да го докажете. Не се правдајте никому, вашиот суд е непогрешлив.

БИК

Не сте сигурни каде одите понатаму, се што знаете дека ви треба промена. Услови за патување немате, а тоа моментално ви помогнало. Не влегувајте во мрачни расположенија, работите се одвиваат онака како што треба, наскоро ќе знаете што да правите.

БЛИЗНАЦИ

Соочени сте со понуда која, колку што ја сакате, толку се плашите. Очекувате интензивна поддршка од членовите на семејството, иако сте свесни дека тие нема многу да ви помогнат. Бидете она што сте, опуштете се и со својот шарм изборете подобра позиција.

РАК

Се чувствувате празно. Можеби овие денови сте завршиле важни задачи па сте мислеле дека овој ден ќе биде спектакуларно радосен. Задоволството изостанува поради пад на адреналин. За да го вратите, итно смислете нови цели.

ЛАВ

Љубовниот живот е во центарот на вниманието. Вашиот партнер долго бил во сенка, ги трпел вашите професионални залагања и проблеми кои доаѓаа со тоа. Време е тоа да го надоместите, особено кон крајот на денот кога ќе му биде потребна поддршка.

ДЕВИЦА

За да ги остварите целите, морате нешто да жртвувате, а тоа може да биде поврзано со вашиот љубовен живот. Сонувате, и полни со идеи, па големи се шансите во сите намери да успеете, но пробајте да не тргувате со емоции.

ВАГА

На почетокот нешто не било по ваша волја, а потоа работите кога тргнаа како што сакате, сте изгубиле интерес. Се соочувате со луѓе на кои не им е јасно вашето променливо расположение, не знаат како да ви угодат. Бидете фер и уважете ги туѓите потреби.

ШКОРПИЈА

Полни сте со идеи. Доброто расположение може, на кратко, да ви го расипе еден необичен телефонски повик кој не го очекувате. Вестите кои ќе ги чуете ќе бидат чудни, а вам не ви преостанува ништо друго освен да ги сослушате пред да ги заборавите.

СТРЕЛЕЦ

Поволен ден за истражување и за учење. Извесно е тоа дека ќе добиете понуда да се приклучите во некоја хуманитарна организација, каде што во целост ќе ја искажете вашата комуникативност и убедливост која за таа работа е драгоцена.

ЈАРЕЦ

Поради нагласена променливост на расположението, чувствителни сте па климавата љубовна врска може да ја доведе во големо искушение. Во дното на срцето и натаму чувате некои спомени од далечното минато, па сеќавањето на пропаднатата голема љубов ви ја ремети новата.

ВОДОЛИЈА

Денот е одбележан со напнати промени кои нагостуваат стресни ситуации од кои нема лесно да излезете. Сведете ја ствојата нетрпеливост на минимум за да избегнете поголеми неволји, особено кога се во прашање партнерските односи и љубовта.

РИБИ

Имате шанса да научите како од секој лошо доаѓа нешто добро. Проблемот со вашата моментална ситуација е недостаток на поддршка на која сте сметале. Можеби е вистински момент да размислите што сакате, дали да ве поддржуваат или да ве критикуваат.