понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Алиловиќ ќе игра во Полска

Алиловиќ ќе игра во Полска

Искусниот хрватски ракометен голман Мирко Алиловиќ по 12 години играње за Телеком Веспрем (2011-2018) и Пик Сегед (2018-2023) ќе ја напушти Унгарија на крајот на сезоната. Алиловиќ (38) ќе настапува за Висла Плок, каде повторно ќе соработува со шпанскиот тренер Чави Сабате.

Алиловиќ играше и за Адемар Леон (2005-2010) и РК Целје Пивоварна Лашко (2010-2011) пред да го напушти родниот клуб ХРК Извиѓац Љубуски.