среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Познат новиот селектор на Исланд?

Познат новиот селектор на Исланд?

Ракометната федерација на Исланд е во потрага по нов селектор, откако пред извесен период беше прекината соработката со стратегот Гудмундур Гудмундсон.

Еден од кандидатите за нов селектор на машката сениорска репрезентација на Исланд е актуелниот тренер на Савехоф, Микаел Апелгрен, пренесува исландскиот медиум „Висир“.

Поранешниот репрезентативец на Шведска пред две сезони ја презеде тренерската функција во Савехоф. Со екипата на Савехоф во 2021 година ја освои шампионската титула во домашниот шампионат, додека минатата сезона заедно со неговите избраници се радуваа на освојувањето на трофејот во Купот на Шведска.