Само 10 отсто од испитаниците сметаат дека земјата се движи во позитивна насока, за македонските граѓани најголем проблем во државата се економијата и намалената стопанска активност, 2/3 од испитаниците не очекуваат сегашниот премиер да донесе подобрувања во економијата, евроскептицизмот е во пораст… Ова се дел од резултатите на најновото истражување на МКД.мк кое на 1.200 испитаници го спроведе агенцијата Маркет вижн.
Граѓаните се изјаснија на прашањето: „Дали очекувате сегашниот премиер до крајот на својот мандат да донесе подобрување во делот на економијата“?
Со НЕ одговориле 67,8% од испитаниците. Само 19,3% очекуваат дека Ковачевски ќе направи нешто во оваа насока. Останатите одговориле со НЕ ЗНАМ.